Чеферин ги „закопа“ надежите на клубовите од Саудиска Арабија

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александер Чеферин вели дека клубови кои не се од Европа немаат шанса да играат во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА. Оваа изјава на Чеферин е како реакција на пишувањата во голем дел од медиумите дека во блиска иднина ќе се случи клубови од Саудиска Арабија да бидат дел од Лигата на шампионите.

„Во медиумите многу се пишува за тоа, без никој претходно да контактира со УЕФА и да праша дали има воопшто таква опција. Одговорно ќе ви кажам и тврдам дека во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига ќе играат само клубови од Европа. Никогаш нема да се случи клуб од Саудиска Арабија да игра во европските натпреварувања. Таа приказна е завршена“, остро коментираше првиот човек на УЕФА, во интервју за „Л’Екип“.

Чеферин додава дека не очекува во блиска иднина да ги види Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд да заминат во Саудиска Арабија затоа што тоа се фудбалери кои се во врвот на своите кариери и сигурно нема да сакаат да играат надвор од Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести