Клоп и Ливерпул во финишот на преодниот рок тргнуваат во офанзива по играч на ПСВ

Раководството на Ливерпул на барање на тренерот Јирген Клоп само на еден ден пред истекот на преодниот рок во Европа тргнува во офанзива по потписот на фудбалер на ПСВ Ајндховен.

Ливерпул во текот на денот ќе испрати понуда во висина од 37 милиони евра за фудбалерот кој игра на позицијата последен играч за врска, Ибрахим Сангаре.

Неговата моментална вредност на пазарот е 35 милиони евра и има договор со ПСВ до 2027 година, а во Ајдховен пристигна со 2020 од Тулуз за 9,5 милиони евра.

Сангаре е репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска.

- Оглас -

Најнови вести