Легендарниот Италијанец Леонардо Бонучи следната сезона ќе настапува за бундеслигашот Унион Берлин. Минатогодишната сензација оваа сезона за првпат ќе настапува во групната фаза од Лигата на шампионите, а сега ќе биде и дополнително засилена дефанзивата со одличниот Италијанец.
Триесет и шестгодишниот Бонучи последните пет сезони беше дел од Јувентус, а претходно во кариерата настапуваше за Интер, Тревизо, Пиза, Џенова, Бари и Милан, што би значело дека на самиот крај од својата кариера ќе го има првиот интернационален предизвик.
За репрезентацијата на Италија има одиграно 121 натпревар.
https://twitter.com/fcunion/status/1697542059312181471?s=20
https://twitter.com/fcunion/status/1697538799415222467?s=20