Само неколку часа откако Ливерпул ја одби понудата тешка 150 милиони фунти за Мохамед Салах, саудискиот Ал-Итихад, подготви нова, најголема досега во историјата на фудбалот.
Саудијците кои очигледно не знаат за Не, подготвуваат рекордни 200 милиони фунти, односно 233 милиони евра кои ќе му ги понудат на Ливерпул како отштета за Салах, објави Скај Спортс.
https://twitter.com/SkySportsPL/status/1697642484589805865?s=20
Сега е на потег Ливерпул, бидејќи Салах наводно прифатил да се пресели во Саудиска Арабија и да игра за 200 милиони евра по сезона.
Доколку се реализира трансферот на Салах, тогаш ќе го собори рекордот на Нејмар за кого ПСЖ на Барселона во 2017 година и плати рекордни 222 милиони евра.