На Баерн Минхен му пропаднаа три големи трансфери на неколку минути пред крајот на преодниот рок

Неверојатен развој на настаните се случуваше во Баерн Минхен во самиот финиш од преодниот рок во Германија, кој заврши вчера во 18 часот. Дури три трансфери пропаднаа пред крајот на истекот на времето.

“Баварците“ не успеаја да ги потпишат Жоао Палиња од Фулам, Армел Бела-Кочап од Саутемптон и Трево Чалоба од Челзи.

Посебно интересни се случувањата околу трансферот на Палиња. Тој пристигна во Минхен, ги мина лекарските прегледи и беа направени фотографиите за социјалните мрежи, но дозволата од Фулам не стигна. До последен момент се очекуваше да пристигне документацијата од премиерлигашот, но очигледно од Фулам не сакаа да го пуштат фудбалер и тој мораше да се врати назад во Лондон без потпис.

- Оглас -

Најнови вести