Баерн по пауза од четири години победи во Менхенгладбах (Видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен конечно успеаја да ја прекинат лошата мини-традиција и да слават на „Борусија парк“ стадионот во Менхенгладбах.

Во дербито на третото коло, Баерн како гостин славеше со 2:1 против Борусија Менхенгладбах.

Последниот триумф на „Борусија парк“, баварците го остварија во 2019 година, а потоа во следните четири натпревари, еднаш одиграа нерешено и дури трипати загубија.

Почетокот на натпреварот и денеска не ветуваше прекин на лошата серија бидејќи Борусија по првото полувреме имаше предност од 1:0 благодарение на голот на Итакура. Голот може да го видите на следниот ЛИНК.

Но, во второто полувреме, Баерн успеа да направи пресврт, прво Лерој Сане во 58-та минута го израмни резултатот. Голот на Сане може да го видите ТУКА.

Во финишот, Матис Тел донесе победа за Баерн. Голот на Тел може да го видите на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести