Одбојкарите и навивачите се перфектен спој: Шоу на теренот и еуфорија на трибините (Фото)

Одбојкарската репрезентација на Македонија има перфектен старт на третиот настап на Европските првенства, две победи во првите два меча кои речиси сигурно и носат пласман во осминафиналето.


По стартната победа над Данска од 3-1 во сетови, вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ беше декласирана Црна Гора 3-0, а голем удел во победата имаа и навивачите кои ги исполнија трибините.

Носени токму од македонските навивачи кои со аплаузи и еуфорија го поздравуваа секој освоен поен, одбојкарите играа летаа по теренот. Блокови, атрактивни сервиси и лесни поени беше репертоарот на избраниците на селекторот Јошко Миленкоски.

Вообичаено на крајот, навивачите и одбојкарите заедно ја прославија победата која ги однесе во осминафиналето.

Следната фешта која треба да ја приредат навивачите и одбојкарите е утревечер кога ќе уживаат во дуелот со поранешниот светски шампион и актуелен светски вицешампион Полска, кој е главен фаворит за освојување на првото место.

- Оглас -

Најнови вести