Кристијано Роналдо денеска го прослави 34-тиот роденден, а италијанските медиуми шпекулираат дека Португалецот до челниците на Јувентус дал список со тројца играчи кои, според него, треба да дојдат во редовите на италијанскиот првак. Прв на списокот е Иско. Офанзивниот играч за врска е пред заминување од Реал бидејќи тренерот Сантијаго Солари воопшто не сака да го стави во игра. Веднаш до Иско е уште еден играч на мадридскито гигант, а тоа е Марсело. Роналдо и Марсело се многу добри пријатели и одлично соработуваа на теренот кога беа соиграчи во Кралскиот клуб.
Третиот фудбалер е Хамес Родригес од Баерн Минхен. И Родригес е екс соиграч на Роналдо во Реал, а сега ги брани боите на Баерн Минхен. Колумбиецот во последно време има недоразбирања со тренерот Нико Ковач, па можно е да си замине од Минхен.
Според проценките на трансфер-маркетот, овие тројца фудбалери имаат слична вредност. Иско се проценува на 75 милиони евра, Марсело на 70 милиони евра, а Хамес на 65 милиони евра, што значи дека вкупната сума што би ја потрошил Јувентус е околу 210 милиони евра.