Екипата на Унион Берлин го доживеа првиот пораз на домашен терен во Бундес лигата после пауза од 19 месеци, во кои одигра 24 натпревари без пораз. Последен пат тоа им успеа на фудбалерите на Борусија Дортмунд на 5-ти февруари минатата година.
Лајпциг беше убедлив и сосема заслужено победи со 0-3, но големо влијание имаше и црвениот картон на Фоланд во 64-тата минута.
Само три минути претходно Лајпциг поведе преку Симонс.
Вториот и третиот погодок на Лајпциг беа дело на словенецот Шешко во 85-тата и 87-мата минута.