Ниту две водства не ѝ беа доволни на Србија: Одбојкарките на Турција се европски шампионки

Женската одбојкарска репрезентација на Турција за првпат во својата историја стигна до титулата европски шампион. Тие во финалето на Европското првенство во Брисел ја совладаа Србија со 3-2.

Одбојкарките на Србија одлично го започнаа мечот и го освоија првиот сет со 27-25. Во вториот сет Турција израмни на 1-1, откако го освои сетот со 25-21.

Следуваше ново водство на Србија, која го доби третиот сет со 25-22, а турчинките со ист резултат вратија во четвртиот сет за израмнување на 2-2.

Во последниот сет Турција победи со 15-13 и ја оправда фаворитската улога во ова финале.

Бронзениот медал на Европското првенство го освоија одбојкарките на Холандија, кој ја совладаа Италија со максимални 3-0.

- Оглас -

Најнови вести