Интер Мајами го победи Лос Анџелес со 1-3 на гости во МЛС-лигата со две асистенции на Лионел Меси, но на овој меч работа имаше и за верната сенка на Аргентинецот, неговиот обезбедувач.
Во 73-тата минута од мечот, еден фан на Меси втрча во теренот и се обиде да стигне до најдобриот светски фудбалер, но способностите кои ги покажа неговиот личен бодигард ги изненадија сите. Трча како Јусејн Болт во најдобрите денови, а има зафат како најдобар ММА борец.
https://twitter.com/Lionel30i/status/1698569497395814668?s=20