Ал-Итихад поради Салах го прави најголемиот трансфер во историјата на фудбалот

Челниците на саудискиот Ал-Итихад му понудиле на Ливерпул повеќе од 250 милиони евра со бонуси за египетскиот репрезентативец,Мохамед Салах, објавија англиските медиуми.

Делегација на Ал-Итихад од саботата се наоѓа во Ливерпул, каде што се обидува да ги убеди челниците на Ливерпул да се согласат да го продадат Салах.

Медиумите тврдат дека Саудијците утринава на Ливерпул му понудиле 175 милиони евра отштета за Салах, а доколку се реализираат бонусите, сумата може да се зголеми на 251,5 милиони евра.

Салах има договор со Ливерпул со 2025 година. Тој во дресот на Црвените одигра 309 натпревари, на кои постигна 188 гола во сите натпреварувања.

Актуелниот рекорд на најголем трансфер го држи Нејмар, кој во 2017 година за 222 милиони од Барселона се пресели во ПСЖ.

 

- Оглас -

Најнови вести