Фудбалската репрезентација на Македонија веќе втор ден се подготвува за натпреварите против Италија и Малта во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
Централниот дефанзивец на нашата репрезентација, Висар Муслиу, вели дека поразите против Украина и Англија мора да се заборават и да гледаме напред за да се покажеме во вистинско светло против европскиот шампион Италија.
„Сакаме да се покажеме во најдобро светло, за разлика од последните натпревари. Мора да бидеме на високо ниво и тактички и физички. Италија секако дека има план за натпреварот, ние исто така. Страв нормално дека не постои, не играме првпат против европскиот првак. Дуелите против Украина и Англија треба да ги заборавиме, повеќе боли мечот со Украина отколку тој во Англија, но тоа е веќе минато. Мора да гледаме напред“, изјави Висар Муслиу.