МЗТ Скопје загуби од Арис иако водеше на полувремето

Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија на првиот подготвителен натпревар од Арис со 87-67. Шампионот на Македонија одигра одлично прво полувреме по кое имаше водство од 39-34, пред сè поради одличната втора четвртина која ја доби со 25-13.

Во продолжение на мечот, Арис доминираше и ја доби третата четвртина со 26-19, а потоа и четвртата со убедливи 26-9.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Бојан Крстевски со 12 поени, додека Американецот Расел додаде 10. Дамјан Робев беше стрелец на 9 поени, Ворку 7, Андоноски и Баковиќ постигнаа по 6.

Серијата контролни натпревари за МЗТ Скопје продолжува в петок, со дуел против косовскиот Пеја од Пеќ.

- Оглас -

Најнови вести