Љафтов: Чесите ја прочитаа нашата игра, но ние го остваривме сонот

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва во мечот за третото место во групата Ц загуби од Чешка со 3-0 и во осминафиналето ќе игра против Италија.

Еден од најдобрите одбојкари во таборот на Македонија, Александар Љафтов, призна дека Чесите одлично ја прочитаа игра на нашата репрезентација.

„Чесите беа могу спремни, нè читаа, ја гледаа нашата игра и имаа одговор за сè. Можам да кажам дека тие најдобро одиграа во групата, а ние можеби најслабо, а можеби и тие ни дозволија толку да играме. Можеби ни влијаеше и повредата на Ѓорѓиев. Но, сонот е остварен, одиме во осминафинале и да играме против Италија“, рече Љафтов.

 

- Оглас -

Најнови вести