Србија – Канада ќе биде како партија шах, ќе победи тој што ќе ја искористи предноста која ја има

Србија и Канада од 10.45 часот ја почнуваат полуфиналната битка на кошаркарското Светско првенство, и тој дуел се очекува со нетрпение, бидејќи треба да биде поизедначено од другото во кое САД е голем фаворит против Германија.

Според квотите во Sport Life, поблиску до победа е Канада. Може да одиграте и на број на поени кај голем број играчи, или да се обложите кој колку скокови ќе има или асистенции.

Хрватскиот стручњак Александар Петровиќ, даде интересна изјава како најава за дуелот на Орлите против Јаворовите листови.

„Полуфиналето помеѓу Србија и Канада ќе биде како шаховска партија. И едните и другите имаат свои предности, останува да се види кој ќе влече подобри потези“ – порачува Петровиќ.

Статистиката кажува дека Србите треба да се плашат од офанзивниот скок на противникот, а проблем за Канада може да биде големиот број на поени кои Србија ги дава од контранапади.

На дуелот во Манила се очекува и поентерски дуел на Богдан Богдановиќ против Шај Гилџиус-Александер, а интересно е што РЏ Берет и Филип Петрушев во минатото играа заедно во средношколски тим во САД.

Откако Србија стана самостојна држава, овие две селекции немаат играно една против друга.

- Оглас -

Најнови вести