Троицки има комплекс од Монфис

Гаел Монфис води со 5-0 во дуелите со Виктор Троицки и воопшто нема проблеми во дуелите со омилениот противник, а и денеска го потврди тоа со победа од 6:3, 6:4 на турнирот во Софија.

Францускиот тениски ас е нерешлива загатка за Троицки и четири од петте меча ги доби со 2:0 во сетови, а најголема шанса за победа Србинот имаше во 2011 година, кога почна ривалството.

Првиот меѓусебен меч го играа во Монтреал и тогаш Троицки прокоцка предност од 1:0 во сетови и ги загуби следните два во тај-брејк. Сè потоа во дуелите со Монфис беше мачење за 32-годишниот тенисер од Белград.

Во осминафиналето Монфис повторно може да има противник од Србија ако Ласло Ѓере го победи Михаил Кукушкин.

- Оглас -

Најнови вести