Репрезентативецот на Шпанија, Ламин Јамал, влезе во историјата на шпанскиот и европскиот фудбал како најмлад стрелец.
Тој во 74-тата минута стрелаше прецизно во мрежата на Грузија, со што стана најмладиот стрелец за репрезентацијата на Шпанија. Претходно, во 44-тата минута стана и најмладиот дебитант во дресот на Шпанија, откако го замени Дани Олмо.
Сепак, подвигот на Јамал е уште поголем, бидејќи со 16 години и 57 денови тој стана и најмладиот фудбалер кој постигнал погодок во квалификации за Европско првенство, со што го надмина рекордот на Герет Бејл кој на 17 години и 83 дена стрелаше во победата на Велс над Словачка.