Љуботен повторно загуби, но бразилката Присила постигна гол за паметење (Видео)

Женскиот фудбалски шампион на Македонија, Љуботен, го доживеа и вториот пораз на квалификацискиот турнир за Лигата на шампионите во Словенија. Тие денес беа поразени од домаќинот на турнирот, Мура, со 7-1.

Единствениот погодок за екипата од Тетово беше дело на бразилската интернационалка Присила, која во 23-тата минута намали на 2-1. Бразилката најпрво ја измеша комплетната одбрана на Мура, а потоа од мртов агол успеа да погоди во мрежата на словенките.

Во полуфиналето од турнирот во Словенија, Љуботен загуби од шампионот на Кипар, Аполон, со 9-0.

- Оглас -

Најнови вести