На два часа пред почетокот на дуелот помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Италија, околу арената „Тодор Проески“ во Скопје на големо се чувствува навивачка еуфрија.
Околу стадионот насекаде има навивачи во црвено-жолти дресови, со знамиња, може и да се купат реквизити, а и угостителските објекти во близина на стадионот се полни со фанови.
Оваа атмосфера потсетува на најубавите времиња кога стадионот редовно беше полн и за репрезентацијата беше бодрена масовно и кога ни гостуваа понеатрактивни селекции.
Едно е јасно, вечерва од 20.45 часот, од трибините ќе грми „Македонија, Македонија“, фудбалерите ќе имаат голема поддршка.