Италија пресилна, македонските одбојкари одиграа колку што можеа

Македонската одбојкарска репрезентација во осминафиналето го заврши патот на годинешното Европско првенство за мажи, на кое и Скопје беше еден од градовите домаќини.

Уште кога се дозна дека осминафинален ривал ќе ни биде актуелниот првак Италија и тоа против нив требаше да се игра на нивен терен во Бари, беше јасно дека тука ќе биде и крајот на патот за македонскиот тим на ЕП 2023.

Победникот се знаеше однапред, целта на нашите беше да видат до каде се во однос на најдобрите во светската одбојка.

Најсилен отпор, екипата на селекторот Јошко Миленкоски даде во првиот сет кога заврши 25-20. Потоа Аѕурите убедливо ги добија наредните два сета со 25-12 и 25-15. Италијанците во четвртфиналето ќе играат со Германија или Холандија.

- Оглас -

Најнови вести