Барселона со специјални дресови ќе игра вечерва против Реал (Фото)

Фудбалскиот свет е подготвен вечерва да го види првиот дуел од Ел Класико во полуфиналето на Купот на Шпанија. Шпанските гиганти ќе играат на „Камп ноу“ во обид да стигнат до место во финалето. Домаќинот на овој меч, Барселона, реши на терен играчите да истрчаат со специјални дресови. Имињата ќе им бидат напишани и на кинески јазик.

На петти февруари беше дочекана Кинеската нова година, а според знаците, 2019 година е година на свињата. Во прославата на Кинеската нова година за прв пат се вклучува и Барселона, па затоа и имињата на играчите ќе бидат со кинески букви.

„Ова ни е од голема важност и стратегија за ширење на брендот во Кина. Во летниот период, како дел од предсезонските дуели, Барселона ќе ги посети Кина и Јапонија“, стои на официјалната страница на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести