Ламин Јамал со 16 години и 57 дена стана најмладиот фудбалер кој заиграл за репрезентацијата на Шпанија, а со голот во 74-тата минута и најмлад стрелец во историјата на “црвената фурија“. Воедно со погодокот против Грузија стана и најмладиот фудбалер кој постигнал погодок во квалификации за Европско првенство.
Оваа сезона тој дебитираше и за првата екипа на Барселона, а неговиот договор со “каталонците“ истекува следното лето. Сепак, Барселона нема да брза со потпишување на нов договор и ќе чека фудбалерот да стане полнолетен, бидејќи доколку сега потпише договор, тој не смее да биде на повеќе од три сезони, а кога Јамал ќе наполни 18 години ќе може да потпише договор на пет сезони.
Очекувањата се дека во новиот договор ќе има астрономска клаузула доколку некој клуб сака да го ангажира Ламин Јамал, кој се очекува да биде новата голема фудбалска ѕвезда.