Погба привремено суспендиран, се огласија официјално и од Јувентус

Антидопинг трибуналот на Италија му изрече привремена суспензија на францускиот фудбалер Пол Погба, кој е член на Јувентус, откако се обелодени дека бил позитивен на допинг-тест направен на 20 август.

Од Јуве се огласија со соопштение во кое потврдија дека нивниот играч е суспендиран и најавија дека ќе ги искористат наредните процедурални чекори кои им се на располагање.

По мечот со Удинезе, на кој Погба не ни играше, кај фудбалерот е најдено зголемено ниво на тестостерон и тоа се смета за недозволено. Сега се чекаат резултатите од вториот примерок и тој втор тест ќе биде клучен.

Ако и на овој тест Погба биде позитивен, ќе добие долга суспензија и ќе треба да докаже дека земал тестостерон по грешка. Поради многуте повреди, тој често посетува лекари, па можеби од лековите кои му се давале дошло до зголемување на нивото на тестостеронот. Ако се докаже дека свесно земал допинг, ќе добие четиригодишна забрана за играње фудбал, што може да значи и крај на кариерата.

- Оглас -

Најнови вести