Кошаркарот на НБА-тимот Хјустон рокитс, Кевин Портер Џуниор, синоќа е уапсен во Њујорк бидејќи ја претепал неговата девојка, која исто така е кошаркарка и настапува во женската НБА-лига.
Тие биле сместени во хотел во Њујорк, а кошаркарот доцна вечерта се вратил во собата. Сепак, наишол на заклучена врата бидејќи неговата девојка се уплашила и не сакала да го прими со собата. Тој со помош на хотелското обезбедување влегол во собата, а потоа ѝ задал и неколку удари со кои ја повредил.
Веднаш реагирала полиција и го уапсила, а против него е покренато обвинение за нанесување тешки телесни повреди на девојка.
Kevin Porter Jr. in custody
(Via @NBCNewYork / h/t @ChancellorTV )
— NBACentral (@TheDunkCentral) September 11, 2023
Портер Џуниор минатата сезона беше одличен во дресот на Хјустон рокитс постигнувајќи во просек по 19,2 поени на натпревар.