Луис Рубијалес, кој најверојатно ќе биде принуден да се повлече од функцијата прв човек на Шпанската фудбалска федерација поради неморалното однесување по освојувањето на светската титула во женска конкуренцција, повторно ја шокира шпанската јавност.
Рубијалес рече дека бакнежот во устата на фудбалерката Џени Ермосо бил ист каков што тој им давал на своите ќерки.
„Бакнувањето на Џени беше исто како што ја бакнувам една од моите ќерки. Кај нас тоа е многу чест начин на бакнување меѓу пријатели и фамилија“, вели Рубијалес, кој има три ќерки.
„Погрешив, се извинувам, но апсолутно немав никаква сексуална намера. Тоа беше момент на еуфорија, славење, среќа, никаков сексуален напад“, се правда Рубијалес.