Новиот играч на ПСЖ, Осман Дембеле, рече дека францускиот првак е најдобриот тим во којшто играл во кариерата.
Дембеле летово направи трансфер на „Паркот на принцовите“ од Барселона, а во минатото настапуваше по една сезона за Рен и за Борусија Дортмунд.
„Мислам дека овој ПСЖ е најдобриот тим за којшто сум играл. Имаме квалитетни играчи на сите позиции, играчи кои ги бранат боите на најдобрите репрезентации во светот. Има конкуренција и тоа ги тера сите да го подигнат нивото до максимум“, изјави Дембеле.