Традиционално, македонските навивачи и во Малта ќе ја следат и бодрат фудбалската репрезентација. Популарната Фаланга веќе ја загрева атмосферата пред вечерашниот меч на „Та-Али“ стадионот против домаќинот Малта, во квалификациите за ЕП 2024.
Одлична е атмосферата како и секогаш, дури и во друштво на домашните фанови, а треба да веруваме дека славјето ќе продолжи и по завршување на дуелот.