Ван Хал: Нема да бидам селектор на Германија

Холанѓанецот Луис ван Хал ја отфрли можноста да седне на клупата на Германија. Фудбалската федерација на Германија по убедливиот пораз од 4:1 од Јужна Кореја, му врачи отказ на Ханси Флик и веднаш започна потрага по негов наследник.

Едно од имињата кое се споменува во германските медиуми е и тоа на Холанѓанецот Луис ван Хал, кој во ноември и декември ги предводеше Лалињата на Светското првенство кое се одржа во Катар.

„Чест ми е што моето име се поврзува со селекторската функција во германската репрезентација. Тоа е голема чест. Но, мислам дека не е реално да се очекува такво нешто бидејќи никогаш во историјата на Германија немало странец за селектор. Секогаш репрезентацијата ја воделе Германци и мислам дека така ќе биде и овојпат“, изјави Ван Хал.

Главен фаворит за нов селектор е поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, а медиумите шпекулираат и со имињата на Томас Тухел, Јирген Клоп, Ралф Рангник и Оливер Кројцер.

- Оглас -

Најнови вести