Дефанзивецот Маркињос со гол во 90-тата минута му донесе победа на Бразил на гостувањето кај Перу, па и Кариоките, како и светскиот првак Аргентина, имаат по 6 бода од два меча и тоа се единствени селекции со максимален ефект по две кола во јужноамериканските квалификации за Мундијалот во 2026 година.
Бразилците долго се мачеа против Перу, а голот падна од прекин. Нејмар изведе корнер, Маркињос со глава ја затресе мрежата.
Аргентина без Лионел Меси, кој остана на клупата, убедливо со 3-0 победи на гостувањето кај Боливија во Ла Паз. Големата надморска височина не беше проблем за Анхел ди Марија, кој ја носеше капитенската лента и беше асистент при првите два гола во првото полувреме со кои гостите најавија победа.
Ова е голот на Маркињос за победа на Бразил: