За четирите освоени бода во септемврискиот квалификациски циклус, ремито со Италија и победата над Малта, македонските фудбалски репрезентативци ќе поделат премија од 100.000 евра. Премија ќе добијат сите кои беа дел од националниот тим.
Сега на тимот во октомври му претстои еден значаен квалификациски дуел, против Украина, ќе гостуваме во чешката престолнина Прага, на стадионот на Славија на 14, а три дена подоцна, на 17 октомври во Струмица, Македонија ќе игра пријателски меч со Ерменија.