Стрелецот на вториот гол за Македонија: „Сега да се одмориме, а потоа со Украина да продолжиме со добрите игри“ (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија со целиот плен се враќа од гостувањето во Малта и со седум бода се наоѓа на делба на втората позиција на табелата, колку што имаат и Италија и Украина.

Еден од клучните играчи во победата од 2-0 над Малта беше Јован Манев, стрелецот на вториот погодок за Македонија, што за него беше прв гол во третиот натпревар во дресот на репрезентацијата.

„Чест ми е што сум дел од оваа репрезентација. Селекторот постави добра тактика, а ние тоа го испочитувавме на теренот и докажавме дека вредиме и дека ќе направиме големи нешта сите заедно. Нема да застанеме тука. Сега добро да се одмориме и да се посветиме на клубовите, а следниот месец против Украина да ги повториме овие одлични резултати“, рече стрелецот на вториот погодок за Македонија, Јован Манев.

- Оглас -

Најнови вести