Женскиот фудбалски клуб Љуботен, кој е првак на Македонија, вчера доставил барање до општина Тетово за одигрување на првенствениот дерби натпревар од четвртото коло во Првата женска фудбалска лига со ЖФК Скопје на градскиот стадион во Тетово!
Сите предуслови кои ги бараше претходно Општина Тетово се исполнети, велат од клубот кој е прволигаш и двократен шампион, а ФК Шкендија овој викенд игра на гости и стадионот е слободен!
„По 24 часа, уште молк од Општината! Јавно преку медиумите бараме Општина Тетово да ни даде одговор до денес до 12 часот за да може уредно да го пријавиме натпреварот до надлежните во ФФМ и МВР. Со надеж на позитивен одговор!“, бараа утрово од клубот.