Ракометната федерација на Македонија го наименува Кристијан Грчевски за вршител на должноста селектор на женската сениорска репрезентација.
Тој на кормилото на сениорките ќе биде за време на квалификациите за ЕП 2024, во кои играме со Шпанија, Литванија и Азербејџан. Квалификациите почнуваат следниот месец, а ќе завршат во април следната година.
„Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации, Управниот Одбор на Ракометна федерација на Македонија донесе Одлука за именување на г-дин Кристијан Грчевски за (ВД) селектор на женската сениорска репрезентација, а во стручниот штаб се именувани за помошници тренери Ања Алтхаус и Едуарда Амоурим Талевска. Именуваните лица ќе бидат во функција вршители на должност (ВД), за време на одигрување на квалификациските натпревари за пласман на Women’s EHF EURO 2024“, објавија од РФМ.