Револуција на ФИФА, со новото правилото за офсајд би имало повеќе голови (Фото)

Светскта фудбалска федерација, ФИФА, тргна да експериментира со ново правило за офсајд-позиција, според кое во иднина напаѓачите би имале голема предност во однос на дефанзивците и би се зголемил бројот на голови.

Револуционерната идеја на директорот на ФИФА за развој на фудбалот, Арсен Венгер, е офсајд да биде само ако напаѓачот со целото тело е пред својот чувар.

Ова значи дека ако правилото се усвои, во иднина веќе нема да има поништени голови поради милиметарски офсајд и тоа ќе бидат дозволени позиции.

Првите тестови на новото правило ќе се вршат во младинските лиги во Шведска.

- Оглас -

Најнови вести