Трајковски: “Сите знаат што значи Хајдук“

Александар Трајковски денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на сплитски Хајдук. Тој ќе биде новата деветка на еден од најголемите клубови на овие простори, а и самиот вели дека му е чест што ќе игра за клубот од Сплит.

– “Преубаво е чувството да дојдеш во Хајдук, се помина добро и одвај чекам да се приклучам на екипата и да започнам да тренирам. Ја познавам лигата, играв тука пред 13 години, сега се вратив и среќен сум што повторно ќе играм за голем клуб. Имам големо искуство, играв во неколку силни лиги и имам многу настапи за репрезентацијата на Македонија. Се надевам дека ќе дадам голем придонес за Хајдук и за целта која ја има клубот оваа сезона. Добро го познавам Хајдук, имаме навистина добра екипа, сите знаат што значи овој клуб и навистина сум среќен што ќе бидам дел од оваа приказна.“ – вели Трајковски.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести