Уличната трка за ГН на Сингапур ќе биде новиот предизвик за возачите на Формула 1. Денес се возат квалификациите, на кои повторно фаворитската улога ја има најдобриот оваа сезона, Макс Ферстапен од Ред Бул.
Квотата дека холандскиот возач ќе стигне до пол-позицијата е 2.10 во Sport Life и е значајно повисока за разлика од претходните трки. Ова се должи на фактот дека Ферстапен само еднаш победи во квалификациите на последните четири трки, а тронот по еднаш му го земаа Хамилтон, Леклер и Сајнц.
Токму возачот на Ферари, Чарлс Леклер, е вториот најголем фаворит за освојување на пол-позицијата со квота рамна на 3, додека неговиот клупски колега Карлос Сајнц е трет фаворит со квота од 4.75.
Според квотите за пласман на една од првите три позиции, тука речиси со сигурност ќе се најдат Ферстапен, Леклер и Сајнц, додека шанса од втор план ќе чекаат Перес и Норис со квоти од по 3.