Лионел Меси нема да биде во составот на Интер Мајами на вечерашното гостување кај Атланта јунајтед во меч од МЛС лигата.
Аргентинецот не играше ни за националниот тим против Боливија, па некои негови фанови се загрижени за состојбата на суперѕвездата. Тренерот на Интер, Херардо „Тата“ Мартино, изјави дека Меси не е повреден, туку има потреба од одмор.
Интер Мајами треба да одигра многу мечеви за краток период. После гостувањето кај Атланта, тимот од Мајами во следните 15 дена ќе изигра уште пет средби од кои четири во МЛС и еден во купот.