Лајпциг во победнички ритам, Штутгарт има гвинејска машина за голови

Попладнево во германската Бундеслига се одиграа пет меча и на сите имаше барем три голови.

Лајпциг и Хофенхајм со по три постигнати голови, дојдоа до третите победи по ред, победа од 4-2, но тешка, со два гола во финишот извојува Борусија Дортмунд, Волфсбург со 2-1 го надигра Унион Берлин, додека Штутгарт победи во Мајнц со 3-1.

Сите три гола за Штутгарт ги постигна Серу Гираси. Овој напаѓач од Гвинеја, влезе во историјата на клубот како прв поединец кој постигнал дури 8 голови во првите четири кола од една сезона во Германија.

- Оглас -

Најнови вести