Чукарички направи големо изненадување откако со 2:1 славеше над Црвена ѕвезда во меч од седмото коло во српската Супер лига. Домаќините поведоа со голот на Доциќ од пенал, а Црвена ѕвезда имаше голема шанса брзо да се врати во игра.
Во 32 минута, новото засилување на Црвено-белите, Ендиаје се најде сам пред голот на противникот, но несмасно ја згазна топката и наместо да постигне гол, се посрамоти.
Шампионот израмни во второто полувреме и тоа по еден помалку чуден пенал. Малку кои очекуваше дека судијата ќе досуди пенал за ситуација во која ни самите гостински играчи не очекуваа удар од белата точка.
Во 75 минута Сандеј Адетунџи кој во Чукарички дојде од тимот на Шкупи, постигна гол за изненадувачка победа од 2:1 против Црвена ѕвезда.