Италијанците немоќни на свој терен, Полска е нов европски првак

Репрезентацијата на Полска е новиот европски првак во одбојка во машка конкуренција. До својата втора континентална титула Полска стигна откако во финалето во Рим, со максимални 3:0 го победи домаќинот Италија.

Уверливи беа Полјаците па по сетови беа подобри со 25:20, 25:21 и 25:23. Полска беше бронзена на претходниот европски собир, а сега го повтори успехот од 2009 година кога беа на тронот на Стартиот континент.

Словенија го освои бронзениот медал откако по голема борба со 3:2 ја победија Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести