Ферстапен првпат не е главен фаворит, ако некогаш му запре низата, тоа е денеска!

После рекордната серија од 10 победи едноподруго во Формула 1 шампионатот, се чини дека денеска на патеката во Сингапур ќе дојде крајот на триумфалната низа на Макс Ферстапен.

Пилотот на Ред Бул кој сезонава е предоминантен и оди кон трета титула по ред, тотално потфрли на вчерашните квалификации, каде го освои дури 11-тото место и денеска на трката ќе му треба чудо за да победи, бидејќи во Сингапур нема многу места за претекнување. Дека на Ред Бул не му лежи оваа патека, се виде и со киксот и на Серхио Перес, кој ќе стартува од 13-тата позиција.

Според квотите во Sport Life, прв фаворит за победа е Карлос Саинс кој ќе тргне од пол-позиција, а поголеми шанси за победа од тие на Ферстапен им се даваат и на Џорџ Расел и Шарл Леклер, кои стартуваат како втор односно трети.

Понудата на Sport Life е богата, до 14 часот може да се обложите и на тоа од кој возач ќе има најбрз круг, од кој тим ќе биде пилотот со најбрз круг, кој пилот прв ќе се откаже, од кој стартен ред ќе биде победникот, од кој тим ќе биде победникот на трката, а имате примамлива квота од 2.40 дека Ферстапен ќе заврши на подиумот меѓу првите тројца. Ваква квота за Макс во топ 3 тешко дека ќе се повтори.

Меѓу бројните опции се и игрите кој прв ќе замине во бокс, дали двата болида од некој тим ќе ја завршат трката, и дуели помеѓу тимски колеги. Кај Ферари, Саинс е фаворит против Леклер, а Расел фаворит против Хамилтон за подобро пласиран од двата пилоти на Мерцедес.

- Оглас -

Најнови вести