Македонската фудбалска икона, Горан Пандев, со семејството живее во Џенова, па одлучи вчера да присуствува на натпреварот помеѓу Џенова и Наполи, иако можеше да одбере и да го гледа дербито Интер – Милан.
Пандев како некогашен играч на Џенова и Наполи, од ВИП ложата го следеше дуелот кој заврши 2-2.
На терен во првото полувреме беше Елиф Елмас кој како да беше премотивиран со добивањето на стартерско место во Наполи, и уште во 12-тата секунда доби жолт картон.
Елмас додека играше со Пандев во македонската репрезентација рече дека струмичанецот му е како постар брат, па бате Горан ја користи секоја прилика кога има време да го види Дијамантот и да поразговараат.