Игор Стефановски Иџе е нов европски првак!

Игор Стефановски Иџе е нов европски првак на ридски патеки, откако денеска, на последната трка што се возеше во Хрватска уште еднаш ја покажа доминацијата.

„За мојата Македонија, за мојот народ“, беше првата реакција која Стефановски ја објави на социјалните мрежи.

Стефановски имаше и со кого да прослави, бидејќи околу 50-тина навивачи од Македонија беа присутни да го бодрат Иџе кој сезонава победи на седум од 10-те трки во оваа категорија. За Стефановски ова е трета европска титула повторувајќи го успехот од 2014 и 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести