Екипата на Севиља на дебито на Серхио Рамос за клубот успеа да дојде до првата победа оваа сезона и воопшто првите бодови, откако на домашен терен го совлада Лас Палмас со 1-0.
Единствениот погодок на мечот беше дело на Доди Лукибакио во 71-вата минута, откако успеа еден отпадок да смести позади грбот на противничкиот голман.
Со оваа победа Севиља конечно се одлепи од дното на табелата и позади себе ги остави Гранада, Лас Палмас и Алмериа.