Вардар уште еднаш ја покажа класата, вторпат сезонава подобар од Пелистер

Ракометарите на Вардар вторпат во десеттина дена го совладаа најголемиот конкурент на домашната ракометна сцена, Еурофарм Пелистер. После победата во Супер купот во Струмица со 30-26, денес вардарци го совладаа вечниот ривал во првенствен натпревар во СЦ “Јане Сандански“ со 30-25.

Вардар сосема заслужено дојде до победата и во текот на целиот меч имаше водство и диктираше темпо. Домашните одлично го отворија мечот со водство од 6-1, а потоа и 7-2 и 8-3. Еурофарм Пелистер до крајот на првото полувреме успеа само да намали на 15-12.

Второто полувреме започна слично како и првото. Два брзи гола за Вардар за зголемување на водството на 17-12, а потоа домашните имаат и високи +6. Сепак, Еурофарм Пелистер успеа да се врати и да намали на 22-20, но тоа беше се од битолчани на овој меч.

Ракометарите на Вардар рутински го приведоа натпреварот кон својот крај за убедлива победа од 30-25.

- Оглас -

Најнови вести