Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис испиша нова историска страница во дисциплината скок со стап. На финалето од Дијамантската лига, Дуплантис ги воодушеви навивачите и постави нов светски рекорд.
Тој успеа да прескокне 6,23 метри, и тоа уште во првиот обид. Со овој скок, Дуплантис го надмина својот рекорд на отворено кој досега изнесуваше 6,22 метри. Атлетичарот имаше перфектен залет, успеа добро да се отфрли, а кога дојде до моментот да ја заобиколи летвичката без да ја турне, направи фантастичен маневар и успеа да го сруши светскиот рекорд.