Откако Серхио Рамос во 2005 година си замина од својот матичен клуб Севиља, требаше да поминат цели 18 години за повторно да го облече дресот на тимот од Андалузија. Рамос синоќа дебитира за Севиља на дуелот против Лас Палмас и беше еден од најзаслужните за победата.
Севиља победи минимално со 1:0 благодарение на голот на Лукебакио во 71-вата минута. Пред да биде постигнат победничкиот гол, Севиља се спаси од погодок, и тоа благодарение на Рамос.
Гостите беа во напад, голманот Дмитровиќ одбрани и ја одби топката која дојде до еден гостински фудбалер, кој шутираше кон празната мрежа. Сепак, наместо гол, Рамос со тело успеа да одбрани и да спаси сигурен погодок за Лас Палмас.