Страшни сцени во Аргентина: Бебиња и мали деца вадени покрај бодликава жица додека дивеат хулиганите (Видео)

Мечот меѓу Годој Круз и Белграно во Купот на Аргентина за малку можеше да заврши трагично поради дивеењето на навивачите надвор од трибините, за потоа хаосот да се пренесе и на трибините.

Домашните навивачи на Годој Круз кои немале влезници за натпреварот, се судрија со полицијата, која во обидот да ги спречи да влезат на трибините, испука гумени куршуми, солзавец и шок бомби. Солзавецот се прошири и на трибините каде ситуацијата стана драматична.

Настана општа паника, а навивачите се обидуваа да се тргнат од трибината која беше зафатена од солзавецот. Токму на таа трибина имаше многу деца, па дури и едно бебе, кое за среќа беше спасено.

https://twitter.com/i/status/1703513282785522084

Децата можеа полесно да ја поминат бодликавата жица и на крајот за среќа немаше потешко повредени. Дуелот се одигра и забрши без голови.

https://twitter.com/i/status/1703625469503889450

- Оглас -

Најнови вести