Почнува АБА Суперкупот со осум екипи, дали ќе има јунак да го сопре Партизан?

По пауза од три години, во АБА-лигата повторно се враќа борбата за трофејот во Суперкупот. Челниците на регионалното натпреварување решија овојпат да направат повозбудлив и поголем турнир на кој ќе учествуваат дури осум екипи, па денеска ќе има вкупно четири средби.

Актуелниот шампион во АБА-лигата, тимот на Партизан, е голем фаворит за освојување на уште еден трофеј. Работата на Црно-белите е олеснета и со фактот дека на овој турнир ќе го нема нивниот најголем ривал Црвена ѕвезда.

Подгорица е домаќин на турнирот, па сигурно свои калкулации има и тимот на Будуќност, но не ретко се случувало во вакви нокаут-дуели да има и изненадувања.

- Оглас -

Најнови вести